Connect with us

Фудбал

Озил ја прослави победата на Реал Мадрид против Барселона

Месут Озил можеби го напушти Реал Мадрид пред многу години, но Реал Мадрид и понатаму останува во срцето на играчот за врска на Фенербахче.

Поранешниот репрезентативец на Германија со емоции го проследи Ел Класико од саботата, дел од кој некогаш беше и самиот и се радуваше на триумфот на неговиот поранешен клуб.

Озил со објава на социјалните мрежи ја прослави победа на Реал Мадрид со 2:1 против Барселона.

Згора на тоа, поранешната sвезда на Арсенал смета дека Реал сега е фаворит за освојување на титулата во Ла Лига.

„Неверојатен натпревар. Големи, големи Ел Класико поени. Фаворит за титулата сега“, напиша Озил на Твитер.

Тој беше воодушевен и од голот на Карим Бензема, за кој напиша: „Најдобриот напаѓач во Ла Лига повторно ја покажа својата класа, моето момче Бензи“.

Овој 32-годишник за време на неговиот тригодишен престој одигра 159 натпревари за Реал Мадрид, од 2010 до 2013, постигнувајќи 27 гола и 80 асистенции.