Connect with us

Фудбал

Па дали е можно од оваа позиција да не постигне гол, не успеа ниту да шутне (ВИДЕО)

Крилниот напаѓач на Ајакс, Стивен Бергхуис е автор на едно од најголемите промашувања досега и предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Ајакс изминатиот викенд ремизираше со Цволе 2:2, а во моментот на промашувањето домашниот тим водеше со 2:1. Сепак, сцената која го обиколи светот беше промашувањето на искусната ѕвезда на Ајакс, Стивен Бергхуис (31), кој не успеа да постигне гол од една од најлесните ситуации во кариерата.