Connect with us

Тајмаут

Па, кој те пуштил тебе таму? Како Меси го игнорираше познатиот готвач, но на крајот…(ВИДЕО)

Јавноста е запрепастена од моментот кој се случи на Светското првенство во Катар. Многумина се прашуваат кој го пуштил таму, ако се знае дека пехарот за Светското првенство, можат да го допрат само победницитеи одредени челници. Но, на теренот се најде и познатиот готвач Нусрет. Успеа да си направи реклама, да се фотографира со сите. Најдобриот, Лионел Меси го игнорираше, барем се обидуваше, со сите сили, но на крајот „мораше“ да попушти за да го „откачи“, па кусо застана и се фотографираше. Од толку познати спортски „фаци“ и легенди, готвач се најде на теренот да го уништи најдобриот момент на селекцијата на Аргентина.