Connect with us

Кошарка

Па, не може Дончиќ сам!

Лука Дончиќ одигра уште една маестрална партија со 45 поени, 12 скокови и 8 асистенции, но сепак не може ниту тој се сам. Неговиот Далас е поразен од Феникс во полуфиналето во Западната Конференција во НБА лигата со 121:114.

Ејтон беше најефикасен во редовите на Санси со 25 поени и осум скокови, Букер се истакна со 23 поени, девет скокови и осум асистенции, додека Пол запиша 19 поени и пет скокови.

Исто така и Мајами стекна почетна предност во пресметката со Филаделфија во полуфиналето од плеј-офот на Источната конференција, во првиот меч славеа „жешките“ со 106:92.

 

Facebook