Connect with us

Фудбал

Па што му направи Елиф Елмас на Жорди Алба, а потоа топка на „тацна“ за Зиелински за гол (ВИДЕО)

Барселона и Наполи одиграа 1:1 во првиот меч од 16 финалната пресметка во Лига Европа. Наполи поведе со голот на Зиелински со 1:0, а потоа од пенал израмни Торес, што подоцна се покажа како конечен резултат.

Сепак, хит на социјалните мрежи и во медиумите е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој беше асистент при голот на Наполи. Но, она што го привлекува вниманието е начинот на кој се ослободи од Жорди Алба испраќајки го „по бурек“, што би се рекло во фудбалски жаргон.