Фудбал
Па што направи фудбалерот на Њукасл-Марадона, Ибрахимовиќ, Бензема во едно (ВИДЕО)
Њукасл како гостин синоќа го совлада Евертон со 4:1, а Александар Исак изведе вистинска мајсторија во 33-тата минута кога предрибла во голем стил речиси половина противнички тим и асистираше за гол.
Акцијата можеби најдобро ја опиша „Марка“. „Исак беше Марадона, Златан и Бензема во едно“.
Инаку, Александар Исак е најскапото засилување на Њукасл пред почетокот на оваа сезона. Англискиот тим плати 70 милиони евра на Реал Сосиедат. Иако паузираше три месеци поради повреда, сепак има одлична статистика, на 23 меча постигна 11 голови.
Alexander Isak, Everton’ı üzüyor. pic.twitter.com/hPHPjvKtn1
— Pusholder Sport (@pusholdersport) April 27, 2023