Кошарка
Па, што прави Лука Дончиќ, со тројка од аут-линијата го реши мечот (ВИДЕО)
Далас го совлада ЛА Клиперс, а меч-винер беше кој друг ако не неверојатниот Лука Дончиќ. Словенецот е дефинитивно еден од најдобрите во НБА на денешницата. Тој во последните секунди од мечот погоди тројка од аут линијата и го реши натпреварот во корист на Далас за конечни 103:101.
Словенецот го заврши мечот со 35 поени, 11 скока, 5 асистенции, три украдени топки, последниот кош е чиста магија! На другата страна Пол Џорџ имаше 23 коша и дури 10 грешки, неговиот тим „продаде“ 21 топка…
LUKA IS DIFFERENT
— Hoop Central (@TheHoopCentral) November 16, 2022
Резултати:
Њу Орлеанс – Мемфис 113:102
Далас – ЛА Клиперс 103:101
Јута – Њујорк 111:118
Портланд – Сан Антонио 117:110
Сакраменто – Бруклин 153:121