Connect with us

Фудбал

Па, што ти стана човеку, сите се прашуваат зошто играчот на Реал Мадрид не ја шутна топката во мрежата од оваа позиција (ВИДЕО)

Реал Мадрид синоќа во 14. коло од шпанската Ла Лига го победи Кадиз на гости со 3:0, а победата можеше да биде поубедлива да не беше несфатливото промашување на Хоселу.

Реал поведе со 1:0 со голот на Родриго во 14. минута, а во 53. минута Бразилецот несебично му асистираше на Хоселу, кој требаше само да ја испрати топката во празна мрежа.

Но, искусниот 33-годишен напаѓач реши да не ја испрати топката во голот, а Родриго остана во чудење, како и сите навивачи на Реал. Репризата открива дека можеби било офсајд, но без разлика, Хоселу морал да ја испрати топката во голот и потоа да ја чека одлуката од ВАР-собата.