Фудбал
Пад на случаите на коронавирус во Премиер лигата
Англија соопшти дека минатата недела биле регистрирани 94 случаи на позитивни тестови за Ковид-19 кај фудбалери и членови на тренерски тимови во Премиер лигата. Сепак, за прв пат во две последователни недели, за два месеци има намалување на заразените.
„Можеме да потврдиме дека во елитните клубови биле направени 14.250 тестови во периодот од 27 декември до 2 јануари. 94 од нив биле позитивни, што е 0,65 отсто“, се вели во соопштението на Премиер лигата.
Вкупно 18 натпревари се одложени во последниот месец, бидејќи некои екипи не успеаја да соберат минимален број играчи за настап.
Помеѓу 13 и 19 декември 2021 година се регистрирани 90 позитивни тестови за СОВИД-19, а меѓу 20 и 20 декември се заразени рекордни 103.