Фудбал
Падна клупскиот рекорд, дали “војниците” на Сари можат да го надминат Сити?
Во натпреварот од третото коло од англиската Премиер лига Челзи со 2:1 го совлада Њукасл, но во овој натпревар избраниците не Маурицио Сари имаа посед на топката каков што обично има Барса на „Ноу Камп“.
Челзи во текот на натпреварот разменуваре кратки пасови, се играше на еден или максимум два контакти со топката.
Срушен е и клупскиот рекорд, затоа што Челзи имаше преку 80 посто посед на топката и дури 913 додавања, од кои 838 беа успешни, а тоа на крајот му донесе резултат и трета победа на „Плавите“.
Инаку рекордери во Премиер лигата по број на додавања во еден натпревар го имаат играчите на Манчестер Сити, кои во натпреварот против Свонси имаа неверојатни 1015 додавања.