Фудбал
Паѓаат платите во Серија „А“, Јувентус плаќа најмногу на своите играчи
Торино, 10 октомври 2020 (МИА) – Вредноста на платите во Серија „А“ се намали за 72 милиони евра во последната година, се вели во извештајот на „Газета Дело Спорт“. Од сезоната 2015/16 наваму, платите на фудбалерите во Калчото растат рапидно и од 882 милиони евра пред пет години, во 2018/19 тие веќе беа 1,36 милијарди евра. Поради намалувањето на буџетите на повеќето клубови за време на пандемијата на коронавирус оваа година, платите паднаа на 1,288 милијарди евра.
Јувентус продолжува да им дава највисоки плати на своите играчи, иако има пад од 58 милиони евра, па така оваа сезона ќе плати 236 милиони евра на овој план. Кристијано Роналдо ќе собере најмногу пари – 31 милиони евра, откако е најскапиот играч на шампионатот. Интересно, тој заработува повеќе пари од целиот состав на три клуба во италијанската елита.
Во Милано, платите се скратени за 25 милиони евра, на 90 милиони евра и само 7 милиони евра на Златан Ибрахимовиќ. Сепак, Интер се засили со неколку искусни играчи и со тоа е втор во платите со своите 149 милиони евра.
Во Рома ги намалија платите за 13 милиони евра, додека Лацио ги зголеми своите за 11 милиони евра по пласманот во Лигата на шампионите.
Аталанта исто така го продолжи растот со нови 6,6 милиони евра плати.
Колку плати им даваат клубовите од Серија „А“ на своите играчи (во евра):
1. Јувентус – 236 милиони
2. Интер – 149 милиони
3. Роми – 112 милиони
4. Наполи – 105 милиони
5. Милан – 90 милиони
6. Лацио – 83 милиони
7. Фиорентина – 55 милиони
8. Торино – 51 милиони
9. Каљари – 46 милиони
10. Болоња – 43 милиони
11. Аталанта – 42,6 милиони
12. Џенова – 41 милиони
13. Сасуоло – 35 милиони
14. Парма – 34 милиони
15. Сампдорија – 34 милиони
16. Беневенто – 32 милиони
17. Удинезе (и Кристијано Роналдо) – 31 милиони
18. Верона – 24 милиони
19. Кротоне – 23 милиони
20. Специја – 22 милиони.