Фудбал
Пандев до Ангеловски: Нѐ направи браќа во репрезентацијата да гинеме еден за друг!
Доскорешниот македонски репрезентативец, Горан Пандев преку Инстаграм се обрати по настапот на Македонија на Европското првенство. Тој се заблагодари на селекторот Ангеловски кој впрочем го врати да игра уште на Европското, а потоа го испрати и во репрезентативна пензија.
„Прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Горан Пандев во пораката селекторот Игор Ангеловски.
Настанот на Европското првенство беше последен настап за Пандев во црвено-жолтиот дрес.
Ангеловски заминува од функцијата селектор, зашто му завршува договорот, а Пандев оди во репрезентативна пензија после 122 меча и 38 гола за Македонија, па капитенот сега јавно му се заблагодари на својот кормилар, посочувајќи дека е најзаслужен за семејната атмосфера во соблекувалната.