Connect with us

Фудбал

Пандев е тука, Барди уште со корона – момците се спремаат за Словенија

Полека се комплетира целиот тим на македонската фудбалска репрезентација.

Се очекува од денеска да се придружи и Горан Пандев, а играчот на Леванте се уште е позитивен и останува во изолација.

Македонија се подготвува за Европското првенство, а пред тоа ќе има пријателски натпревари со Словенија и Казахстан.

Првиот натпревар на Европското првенство го играме на 13-ти јуни против Австрија.