Connect with us

Фудбал

Пандев го „пецна“ селекторот пред Германија: Мислам дека луѓето повеќе веруваат од Милевски

Најдобриот фудбалер на Македонија, Горан Пандев, кој беше стрелец на еден од двата гола во Диузбург во историската победа над Германија од 2:1, во интервју за Зидојче Цајтунг го „пецна“ селекторот пред вечерашниот дуел.

 

Прашан каков меч и амбиент очекува на реваншот во Скопје, откако во март во Дуизбург еднаш веќе беше совладана Германија, Пандев одговара:

„Ова ќе биде поинаков меч од оној во Дуизбург. Меѓудругото и поради новиот селектор Благоја Милевски. Не го познавам многу, но тој донесе нов пристап и нови тактички варијанти. Што се однесува до амбиентот, мислам дека ќе биде ’жешко’. Луѓето веруваат дека можеме да бидеме втори во групата. Понекогаш си мислам дека луѓето повеќе веруваат во тоа од Милевски. Тој вели дека го подготвува тимот за квалификациите за следното Европско првенство.“

На прашањето на новинарот, дали смета дека е тоа грешка, Пандев одговара:

„Да. Имаме голема шанса! Победата против Германија е вредна шест, или дури и девет поени.”

Во Дуизбург Пандев го постигна голот за водство на македонската репрезентација од 1:0 и со задоволство се присетува на тој меч.

„Тоа е победа која ќе остане запишана во историјата. За нас тоа беше како да сме освоиле титула. Да се разбереме: се работеше за Германија!, вели Пандев.