Фудбал
Пандев: Ќе кажам уште еднаш – судењето беше смешно
Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев по натпреварот кажа дека катастрофалното судење на натпреварот беше клучно за високиот поразот на Македонија од 4:0 во Ерменија.
Но сепак, Пандев е убеден дека ќе го освоиме првото место во групата.
„Не ни беше досуден чист пенал над Барди, а мислам дека имаше и уште еден над Трајковски. Но, како и да е и ние самите летнавме во облаци. Си го знаеме менталитетот кој е наш најголем противник во одредени моменти. Во секој случај, сигурен сум ќе го освоиме првото место во групата и можеби е подобро што кикснавме денеска, а не во полуфиналето од Лигата Д. Но, ќе кажам уште еднаш, судењето беше смешно. Не би коментирал повеќе“ – рече Пандев по завршувањето на мечот со Ерменија.