Фудбал
Пандев: Ќе уживам со Македонија на ЕП, а потоа крај!
Горан Пандев ја игра последната сезона во Џенова. Најавува пензионирање, се разбира откако ќе ужива во настапите со репрезентацијата на претстојното ЕП каде Македонија ќе игра за прв пат во историјата.
-Во 2021 година ќе наполнам 38 години, навистина верувам дека ќе биде последната сезона – рече Пандев за „Il Secolo XIX“.
Како што вели тој, ќе ужива со репрезентацијата на Македонија на ЕП, а потоа ќе се повлече од активно играње фудбал. Сепак, најавува дека ќе остане да живее и работи во Џенова.