Фудбал
Пандев најави пензионирање: Прошталниот меч пред преполни трибини!
Македонскиот најдобар фудбалер во интервју за „Кориере дело Спорт“ зборуваше за пандемијата со коронавирусот, прекинатото првенство, и неговите очекувања. Како што вели тој, посакува сезоната да продолжи бидејќи во последен период постигнувале добри резултати со Џенова.
Зборуваше и за неговите најави за пензионирање.
-Пред пандемијата реков дека ќе ја спасам Џенова и потоа ќе одам во пензија, но сега се надевам само дека наскоро ова се ќе заврши и тогаш ќе видиме што ќе биде, вели Пандев, а притоа додава:
-Во моментов размислувам да се пензионирам по крајот на оваа сезона. Мојот последен меч го замислувам на преполн стадион. Сакам да ги поздравам навивачите на Џенова затоа што тука минам 5 прекрасни години. Дадов се за овој дрес, вели Пандев.
Пандемијата секако го одложи неговото пензионирање, бидејќи како што порано изјави сака да се обиде со Македонија да игра на ЕП. Има шанси за такво нешто преку Лигата на нации, но прво треба да се помине Косово во полуфиналето од плејофот, а потоа да се чека подобриот од мечот Белорусија – Естониаја.