Поврзи се со нас

Фудбал

Пандев: Натпреварот со Грузија е најважниот во мојата дваесетгодишна кариера

Скопје, 11 ноември 2020 (МИА) – Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, претстојниот бараж натпревар против Грузија го оквалификува како најважен во неговата кариера.

– Дуелот со Грузија е најважниот во мојата дваесетгодишна кариера. Се надевам дека и ние конечно ќе се израдуваме и дека мојот сон ќе се оствари. Имам безброј натпревари, многу финалиња, но настапот во репрезентативниот дрес е нешто посебно за мене и сите момци од репрезентацијата. Оптимист сум дека ќе се пласираме на Европското првенство. Имаме квалитетни играчи, создадена е хемија во националниот тим каква што досега не сум видел. Само треба да играме како што бара од нас селекторот, само сите да бидеме здрави. Ангеловски направи голема работа, сите во репрезентацијата се чувствуваме како една фамилија. Желбата е голема да се успее, истакна Пандев во интервјуто за веб-страницата на ФФМ.

Убеден сум дека ќе ги добиеме Грузијците, само да останеме смирени. Свесен сум дека ова за мене е последна шанса за настап на ЕП. Со нетрпение го очекуваме натпреварот и посакувам на крај да се радуваме сите, додаде најдобриот македонски фудбалер на сите времиња.

Македонската репрезентација дуелот со Грузија ќе го одигра утре со почеток во 18 часот во Тбилиси. зс

loading...

Facebook