Фудбал
Пандев нема да се пензионира? Монца атакува на промоција во Серија А
Монца планира да се раздели со Марио Балотели, а на негово место сака да донесе искусен и квалитетен напаѓач, а изборот на Адријано Галијани и Силвио Берлускони паднал на Пандев, кој без сомнеж би можел да ѝ помогне на екипата во борбата за промоција во Серија А.
Наводно, италијанскиот тим ќе му понуди едногодишен договор, со можност за потпис за втора сезона. Кога се во прашање примањата, понудата ќе содржи нешто повисока плата, од онаа што 37-годишникот ја добива во Џенова.
?#Pandev brilla a #Euro2020, il #Monza tenta il grande colpo sul calciomercato
⁉️ Vi piacerebbe vederlo in #SerieB? pic.twitter.com/O1QGchwBqH
— SerieBNews (@SerieBNewsCom) June 15, 2021
Пандев минатата сезона играше одлично во дресот на Џенова, а го постигна и првиот гол на Еуро 2020 против Австрија пред неколку дена, па уште еднаш покажа дека има што да понуди на фудбалските терени, иако наскоро ќе наполни 38 години.