Фудбал
Пандев остана без тренер, Џенова бара спасител
Горан Пандев за наредното коло, кое на програмата е веќе во среда, кога Џенова гостува на Специја, ќе има нов тренер. Досегашниот Роландо Маран заработи отказ по поразот од Беневенто. Џенова е на претпоследното место на табелата со само седум бодови, од 13 одиграни мечеви, па раководството на тимот одлучи да направи промени кои би донеле спас на тимот, односно опстанок.
Според првичните информации на италијанските медиуми, нов тренер на Пандев и Џенова ќе биде Давиде Балардини, кој досега во три наврати седеше на клупата на оваа екипа.