Connect with us

Фудбал

Пандев: Овие јунаци нема да застанат тука, ќе не радуваат уште многу!

Горан Пандев не го криеше задоволството од обезбедениот бараж на Македонија за настап на СП 2022 во Катар, а во изјава за „Фокус“ кратко порача дека верува во овие фудбалери, со кои претходно настапуваше на Европското првенство.

„Пресреќен сум за дечките. Тие го заслужуваат тоа. Добро го познавам нивниот квалитет и знам дека нема да застанат тука овие јунаци. Фудбалерите ќе не радуваат уште многу“,  истакна Пандев за „Фокус“.

Тој се повлече од репрезентативниот фудбал ова лето, а негов последен меч беше дуелот против селекцијата на Холандија.

Реклама

Facebook

Реклама