Фудбал
Пандев потпиша за Парма!
Горан Пандев изненадувачки ќе менува клуб во последниот ден од преодниот рок и ќе ја напушти Џенова за Парма до крајот на сезоната, објави „Скај Спорт Италија“.
Дали овој трансфер значи дека Пандев ќе игра уште некоја година или му се збоктисало од Џенова, каде што е веќе седум години, останува да видиме.
Ако се реализира трансферот Пандев во Парма ќе биде соиграч со легендарниот Џанлуиџи Буфон.