Connect with us

Фудбал

Пандев уште една сезона во Џенова – го прифати понудениот договор!

Горан Пандев на маса има нов едногодишен договор со Џенова од каде се прави притисок тој да го потпише и да продолжи да игра фудбал.

Понудата од Џенова е отворена, тренерот Балардини не крие дека сака Пандев да остане уште една година, а се чека само на одговорот на македонскиот интернационалец. На крајот, тој за радост на приврзаниците на Џенова ќе биде позитивен, по што Пандев и во следната сезона ќе биде еден од главните адути на овој клуб, со можност потоа да остане како дел од управата на Џенова.

Договорот со Џенова му е истечен, но италијанскиот клуб му нуди нов едногодишен договор.

Од Италија информираат дека во Џенова сите му вршат притисок на Пандев да продолжи да игра, од раководството на клубот, преку тренерот Балардини, до соиграчите, сите притискаат Македонецот да одигра уште една сезона.