Connect with us

Фудбал

Пандев за Мурињо, за Шевченко, кажа и кога дефинитивно ќе биде крај!

Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев и активен член на италијанскиот прволигаш Џенова, во интервју за Кориере дело Спорт откри дека ја игра последната сезона во неговата кариера и дека во јуни идната година ќе стави крај на кариерата.

Напаѓачот и минатото лето размислуваше за пензија откако стави крај на репрезентативната кариера, но реши да одигра уште една сезона.

Дефинитивно ова е мојата последна сезона. Во јуни одам во пензија. Продолжив уште една година поради луѓето, а ќе ми беше жал да ставев крај на кариерата пред празни трибини, вели Пандев.

Инаку, Пандев викендов со Џенова игра против Рома. Интересно е тоа што на овој меч на клупата ќе дебитира Андриј Шевченко, а Пандев за прв пат во кариерата ќе игра против Мурињо кој му беше тренер во Интер. Нашиот фудбалер за двајцата има само пофалби зборви.

-Мурињо ги промени моите преспективни. Кога се разделив од Лацио ме побара и ме праша дали сакам да се преселам во Интер, тимот кој ме доведе во Италија. За мене тоа изгледаше како сон. Последниве денови не сме слушнале, но постојано сме во комуникација во групниот разговор со играчите на Интер со кои освоивме триплета, изјави Пандев во интервјуто.

-Доаѓањето на Шева тука е важен знак за амбициозен тим. Станува збор за човек кој е шампион, со Украина беше одличен на Европското првенство. Верувам дека неговото доаѓање ќе биде позитивно за нас, порача македонскиот најдобар фудбалер.

 

Реклама

Facebook

Реклама