Фудбал
„Пандевци“ го освоија Тетово, трета победа во низа
Академија Пандев ја совлада Ренова на гостински терен во Тетово со 2:1, со што ја забележа третата победа во низа. Поведоа гостите со голот на Оусман Маронг во 42-та минута, а водството беше зголемено во 77-та преку Мартин Мирчевски. Ренова го ублажи поразот во третата минута од судиското продолжение преку Ремзи Селмани.
Инаку, одличен настап имаше голманот на Академија Пандев, Марко Јовановски кој успеа да одбрани три одлични шанси на домаќините.
Колото ќе биде комплетирано в недела (28 ноември) со останатите пет средби (13.00 часот): Шкупи – Струга Трим Лум, Пелистер – Скопје, Македонија ЃП – Шкендија, Брегалница – Борец и Тиквеш – Работнички.