Фудбал
„Пандорини документи“, Пеп Гвардиола има тајни сметки
„Пандорини документи“ е насловено истражувањето на голем број новинари во светот, а кое пред се ќе биде објавувано на Би-Би-Си. Со ова истраување откриени се бројни тајни сметки на светски челници, но и познати лица од светот на музиката, филмот, па и спортот. На оваа листа се најде и тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
Според ова истражување тој имал тајна сметка во Андора. Медиумите објавија дека со таа сметка, практично Гвардиола избегнал да плаќа данок во Шпанија. Сметката ја отворил уште во времето кога бил фудбалер. Наводно на таа сметка во моментов има 500.000 евра. На таа сметка, Гвардиола го сокрил својот идентитет и се појавува како претставник на фирма Репокс Инвестментс. Оваа банка во Андора, Гвардиола ја користел и додека бил тренер на Барселона. Овие пари тој не ги пријавил на даночната служба во Шпанија.