Connect with us

Фудбал

Паника кај Роналдо и репрезентацијата – коронавирусот влезе во португалскиот табор

Паника поради коронавирус кај португалскиот табор на Европското првенство во фудбал (ЕУРО 2020).

Жоао Кансело добил позитивен тест на ковид-19 и веднаш бил испратен во карантин.

Според протоколот на УЕФА може да се направи измена во составот пред почетокот на првиот меч на ЕУРО. Потоа не смее. Дури не смее Кансело да се врати во националниот тим доколку наредниот тест му е негативен.

Кансело бил тестиран во текот на вчерашниот ден, а утрово пристигнале резултатите по што тој веднаш бил ставен во изолација. Како резултат на неговиот позитивен тест следело тестирање на сите членови на португалската експедиција и сите останати тестови биле негативни.

Неговото место во тимот ќе го преземе дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Диого Далот, додека сите останати репрезентативци на Португалија веднаш морале да направат тестови кои, за среќа, биле негативни на коронавирусот.

Португалија својот прв меч на Еуро 2020 го игра во вторник од 18 часот против Унгарија.