Фудбал
Паника во Бразил, Нејмар по само 15 минути го напушти тренингот!
Денес, Нејмар тренираше само 15 минути, а потоа го напушти тренингот и ги загрижи сите во бразилската репрезентација.
Првата ѕвезда на Бразил, играчот од кој многу зависи играта на Кариоките, се повреди на тренингот. На натпреварот против Швајцарија (1:1) имаше 10 прекршоци над него и не е ни чудо што не е во најдобра форма.
Бразил следните натпревари ги игра против Костарика и Србија, а прашањето е дали Нејмар ќе биде подготвен за следната игра што е на програмата во петок попладне.
