Connect with us

Фудбал

Паника во Јувентус: Што правеше Миралем Пјаниќ во Барселона?

Миралем Пјаниќ веќе неколку недели е главна тема во медиумите во Шпанија и Италија поради шпекулациите за тоа дека ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Пјаниќ традиционално е мета на многубројни шпекулации скоро во секој преоден рок, но овој пат медиумите во Шпанија тврдат дека Пјаниќ е на чекор до Барселона. Во Јувентус одлучиле да го задржат, затоа што го гледаат како лидер во екипата, но јасно е, доколку дојде некоја добра понуда, „Старата дама“ ќе биде во искушение.

Пред сите медиумски шпекулации, се чини дека и Пјаниќ додатно ја „разгори“ оваа работа. Имено, „Mundo Deportivo“ објави дека Пјаниќ заедно со неговата фамилија пристигна во Барселона на одмор каде би требало да се задржи неколку дена, а потоа да продолжи на Ибица.

Навивачите на Барселона веднаш го препознаа Пјаниќ на аеродромот, па се сликаа заедно со него. Наводно, како што пишуваат Каталонските медиуми, Пјаниќ одморот во Барселона би можел да ги искористи за разговор со челниците на клубот од „Камп Ноу“. Сепак, официјална информација за тоа се уште нема, а интересно е тоа што Пјаниќ за дестинација за одмор ја одбра баш Барселона.