Connect with us

Фудбал

Папу Гомез денес доживеа ново понижување за тажен крај на една убава фудбалска приказна

Александро Гомез ќе ја напушти Аталанта на најтажниот можен начин.

Гомез беше еден од хероите на најубавата фудбалска приказна раскажана на Апенините во последните години, но сега оди на мала врата.

Аргентинецот не е во добри односи со тренерот Џанпиеро Гасперни и веќе беше прекрстен. Тој денес доживеа и ново понижување.

Имено, Гомез воопшто не тренираше со првиот тим, туку со младиот тим на Аталанта, со што му беше испратена јасна порака дека неговите денови во Бергамо се избројани.

Искусниот играч за врска на Аталанта игра веќе шест и пол години. Во текот на неделата, неговиот менаџер и претставници на клубовите ќе одржат состанок и ќе се обидат да договорат разделба.

Секако нема враќање назад. По изјавите на Гасперини, самиот Гомез реши да ја промени средината. Останува да видиме која ќе биде неговата следна дестинација.