Connect with us

Други спортови

Париз триумфираше во спустот кон Бормио

Доминик Париз го освои спустот во италијанскиот зимски центар Бормио, уште едно коло од сезоната за Светскиот куп во алпско скијање.

Претставникот на домаќините со одлично возење ги воодушеви домашните навивачи и триумфираше со време од 1:54.63. Зад себе го остави лидерот во генералниот пласман за Големиот кристален глобус Марко Одермат од Швајцарија на второто место, а трет на почесното скалило се искачи уште еден претставник на „крстоносците“ – Нилс Хинтерман.

Топ 10 го додадоа Австриецот Даниел Хеметсбергер, Германецот Доминик Швајгер, Норвежанецот Александар Омод Килде, Австриецот Винсент Крихмајер, Американецот Тревис Ганонг, Австриецот Даниел Данкелмаер и Италијанецот Матео Марсала. Четворица скијачи не успеаја да ја завршат денешната трка, меѓу кои Макс Франц од Австрија и Швајцарецот Бит Фојц.

За Париз тоа беше прв успех во сезоната, кој води во поредокот за спуст со 227 бодови, десет повеќе од вториот Матијас Мајер, кој на денешната трка заврши на 12. место. Трет е Хинтерман со 178 поени. За Големиот кристален глобус убедливо води Одермат со 713 поени, втор е Мајер со 427, а трет е Омод Килде. Актуелниот победник на Големото Светско првенство Алекси Пентуро од Франција е четврти со речиси 400 бода помалку од лидерот.

Утре во Бормио повторно ќе се вози машкиот супервелеслалом.

Реклама

Facebook

Реклама