Connect with us

Кошарка

Партизан ја совлада Црвена Звезда и сруши рекорд!

Кошаркарите на Партизан синоќа ја победија Црвена Звезда со 92:81 и со тоа направија голем чекор кон првото место во АБА лигата и предност на домашен терен во плеј-офот.

Освен триумфот над „вечниот“ ривал, Партизан синоќа уште еднаш ги помести границите и кога е во прашање бројот на гледачи на еден натпревар од АБА лигата.

На натпреварот помеѓу Партизан и Црвена звезда во белградска Арена присуствуваа 17.124 гледачи.

На овој начин црно-белите го соборија сопствениот рекорд кој го држеа од 9 февруари 2020 година.

Тогаш на натпреварот против Будуќност во арената имаше 16.531 гледач.

На пет од првите десет најпосетени натпревари од регионалниот шампионат, Партизан беше домаќин.

Advertisement