Кошарка Партизан не успеа, Реал победи во Белград 04/05/2023 22:53 By E R Share Tweet Кошаркарите на Партизан не успеаја да се пласираат на фајналфорот во Белград. Реал Мадрид во четвртиот натпревар беше подобар со 85:78. Натпреварот се одигра со “црн облак” над сите, поради трагедијата што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград. Пред почетокот на мечот говор имаа Данило Андушиќ и Вилијамс-Гос, пред мечот пред Арената беа запалени цвеќиња и свеќи, а во првото полувреме немаше организирано навивање.