Тајмаут
Партнерката го изневерила, а англискиот фудбалер одлучи да и се одазди и тоа брутално (ВИДЕО)
Поранешниот ас на Премиер лигата, англискиот фудбалер Грег Халфорд, брутално се одмазди на својата партнерка поради неверство.
Поранешниот фудбалер на Сандерленд и Вулверхемптон на социјалните мрежи сподели видео како ги фрла работите на својата партнерка надвор од куќата.
Been far far to long but finally clearing out the cheating c**t ex stuff. 🙌 pic.twitter.com/HGAzfgcCx4
— Greg Halford (@GregHalford15) January 21, 2023
Кога дознал дека неговата сакана го изневерила, искусниот дефанзивец решил да и приреди брутална одмазда. Сите нејзини брендирани чевли и облека ги фрли низ прозорецот во дворот. За работите да бидат уште поинтересни, Халфорд снимил се и видеото го објавил на социјалните мрежи, за цел свет да види со каква личност живее.
Халфорд (38) настапуваше за голем број англиски клубови, а во текот на својата играчка кариера забележа 29 настапи во Премиер лигата. Овој ветеран се уште не се збогувал од фудбалот, моментално настапува во аматерскиот клуб Хаштаг Јунајтед.