Connect with us

Фудбал

Патуваа речиси 7.000 километри за да одиграат натпревар од Купот, а дома се враќаат со 12 гола во мрежата (ВИДЕО)

Неверојатна приказна викендов ни доаѓа од Франција, каде се играат натпреварите од купот на оваа земја, а вчера тимот на Златниот Лав мораше да помине речиси 7.000 километри за да гостува. Тоа е клуб од Мартиник, остров во Карипското Море кој се наоѓа јужно од Доминиканската Република и северно од Света Луција, која е прекуокеански административен регион на Франција. Тој статус го има од 1946 година. Така Златен Лав учествува во Купот на Франција, а вчера мина 6.856 километри за да гостува кај Лил во третото коло од ова натпреварување.

Но, Лил беше немилосрден кон овој слаб ривал и го совлада со неверојатни 12:0, а стрелци беа Давид (3х), Жегрова (3х), Јазичи (2х), Сантос, Харалдсон (2х) и Месуса. И покрај тешкиот пораз и испаѓање, фудбалерите на Златниот Лав со насмевки на лицата го напуштија стадионот Пјер-Мауро.