Connect with us

Фудбал

Пауло Дибала и неговата девојка повторно позитивни за коронавирусот

Sвездата на Јувентус, Пауло Дибала и неговата девојка Ориана Сабатини се повторно позитивни на коронавирус.

На 21 март фудбалер објави дека тој и неговата девојка се позитивни на вирусот, но во претходните денови резултатите беа негативни.

Сепак, новиот тест покажа повторно присуство на коронавирус, а тоа го потврди Ориана.

„На 21 март направивме тест и бевме позитивни. Пред три дена направивме тест кој беше негативен, а потоа уште еден беше негативен. Сепак, последниот тест што го направивме повторно е позитивен. Ние сме сè уште заразени и искрено не знам како функционира сето тоа. Еден тест позитивен, другиот негативен“, откри Ориана.

loading...

Дибала и Ориана дефинитивно ќе треба повторно да бидат во карантин. Во изминатите неколку дена фудбалерот на Јувентус се чуствуваше доста добро.

„Се чувствувам многу подобро откако имав силни симптоми неколку дена. Можам да се движам и да се обидам да го продолжам тренингот. Немав здив кога се обидов да тренирам порано”, рече Дибала пред неколку дена.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com