Connect with us

Фудбал

Павловиќ и Јувентус? „Да речеме дека има интерес…“

По не толку лесен период во Монако, Страхиња Павловиќ донесе храбра одлука и замина во Ред Бул Салцбург.

Се покажа како одлична одлука.

Српскиор стопер целосно го подигна нивото на своите игри, постигна и неколку гола за австрискиот клуб кој ја држи позицијата лидер во Бундеслигата. 21-годишниот стопер дефинитивно беше еден од најдобрите во српската репрезентација за време на Мундијалот, левоногиот дефанзивец покажа дека тој е иднината на одбраната на српската репрезентација.

Тој има договор со Салцбург до 2027 година, но јасно е дека интерес покажале други клубови. Еден од заинтересираните дефинитивно е Јувентус каде веќе играат Филип Костиќ и Душан Влаховиќ. Италијанската Газета дело спорт направи кратко интервју со Павловиќ, во кое Страхиња го потврди интересот на најтрофејниот италијански клуб.

„Да речеме дека имаше интерес за мене од Јувентус, но јас не бев во Торино. Јувентус е голем клуб. Секогаш е чест кога твоето име се поврзува со таков клуб, но сега сум фокусиран на Салцбург. Ние сакаме да одработиме добро во лигата, купот и Лигата на Европа. Ќе видиме што ќе се случи во иднина “, изјави Павловиќ за италијанските медиуми.

Тој потоа одговори на неколку прашања за врската со Душан Влаховиќ.

“Влаховиќ е мој многу добар пријател. Многу разговараме, поминавме многу време заедно во репрезентацијата. Секогаш е задоволство да се игра со него. Сакам Душан да се врати во добра форма што е можно поскоро, му треба на Јувентус Влаховиќ “, рече Страхиња.

Цената на Павловиќ моментално се проценува на 20 милиони евра, Салцбург го купи минатото лето за седум милиони од Монако, но нема дилема дека цената на стоперот ќе продолжи да расте.