Поврзи се со нас

Фудбал

Педри: Реал ми рече дека сум слаб, им благодарам затоа што сега сум во клубот што го сакам

Педри многу лесно можеше да го носи дресот на Реал Мадрид, како што се откри, но белите не го ценеа доволно добро.

17-годишникот ја започна својата кариера во Барселона на извонреден начин откако во летото се приклучи од Лас Палмас.

На почетокот на оваа сезона, шпанскиот тинејџер имашe неколку настапи како стартер, вклучително и во „Ел Класико“.

Тој зборуваше за времето кога беше на проби во Реал Мадрид, за одбивањето.

„Бев на проби во Реал Мадрид, но тие ми рекоа дека не сум на вистинското ниво. Им благодарам на оние кои ми рекоа дека нема да успеам, затоа што сега сум во тимот што отсекогаш сум го сакал “, изјави Педри.

„Беше чудно да го носам дресот на Реал Мадрид, бидејќи јас секогаш го избирав оној Барселона“, додаде тој.

Тој сега ја дели соблекувалната со еден од неговите идоли од детството, Лионел Меси, нешто за кое вели дека ужива секој ден.

„Она што најмногу ме воодушевува кај Меси е она што тој го прави на тренинг. Тоа е како Оливер и Бенџи (од јапонскиот цртан филм „Каптијан Цубаса“), но во реалниот живот“, рече тој.

loading...

Facebook