Connect with us

Фудбал

Педри со еден потег го крена „Камп Ноу“ на нозе, но неговиот коментар е урнебесен (ВИДЕО)

Талентираниот фудбалер на Барселона, Педри, направи спектакуларен потег во финишот од натпреварот против Атлетик Билбао, кој предизвика воздишки на навивачите и со право заслужи посебен коментар.

На почетокот на 80. минута, волшебникот на Барса на мал простор му ја протна топката низ нозете на неговиот чувар, што и покрај тоа што не беше ниту стрелец, ниту асистент, го направи еден од хероите во победата на неговиот тим од 4-0.

Публиката на Барса оваа мајсторија ја дочека со скандирање на неговото име, а Педри по мечот откри како доживеал несекојдневен момент.

„Мислам дека овој натпревар беше прекрасен. Еден од најдобрите во сезоната“, изјави Педри и потоа премина на коментарот за голот.

„Всушност се плашев дека ќе ја изгубам топката кога го направив овој потег, но успеа. Гледав во екранот на стадионот за да видам што направив“, рече Педри, а набрзо потоа стигнаа пофалби од тренерот Чави Ернандез, кој  го спореди со славниот Андрес Иниеста.