Connect with us

Фудбал

Пеле е добро: Излегувам од болница и веднаш почнувам со терапија

Здравствената состојба на легендарниот Бразилец Пеле не е добра во последно време

Неговиот син рече дека Пеле дури и не може да оди, што предизвикува голема депресија кај него.

Тој сепак е оптимист и вчера се најде во болницата за дополнителни прегледи.

Сепак, тој посочува дека не е опасно.

„Се надевам дека уште утре ќе одам дома и ќе започнам со терапија. Сè е добро“, рече Пеле.

Потсетуваме, Пеле играл за репрезентацијата на Бразил од 1957 до 1971 година и освоил три Светски првенства за тоа време, поминувајќи ја скоро целата своја клупска кариера во Сантос.

Тој ќе наполни 80 години во октомври.