Фудбал
Пеле: Сигурен сум дека Диего се насмевнува
Легендата на бразилскиот фудбал Пеле покажа голема класа во поздравот до Аргентина.
„Денес фудбалот продолжи да ја раскажува својата убава приказна како и секогаш – на неверојатно возбудлив начин. Меси да го освои Светското првенство – сосема заслужено е по неговото патување во играта. Мојот драг пријател Мбапе – да постигне четири гола во финалето (со пеналот по крајот)… Беше вистински дар од Бога да се гледа овој спектакл за нашиот спорт. Му честитам на Мароко за постигнатото, одлично е да се види Африка како блеска вака“, напиша легендата од болничкиот кревет. , каде го гледаше финалето на Светското првенство во фудбал.
„Честитки Аргентина! Сигурен сум дека Диего се насмевнува“, додаде тој. Долги години, Пеле ја делеше сцената на најголемата слава и го делеше светот – кој е број 1 во играта што плени милијарди.