Ракомет
Пеналите решаваа – Еурофарм Пелистер избори историски „фајнал-фор“ во СЕХА!
Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа од 27:26 (23:23) над Мешков Брест и се изборија за истприски пласман во „фајнал-фор“ во СЕХА лигата.
Сепак, ракометарите на битолскиот клуб мораа добро да се испотат за оваа победа со која ги израдуваа љубителите на ракометот во Битола, затоа што победникот беше решен по пенали.
Пенал-рулетот со гол го отвори Цветан Кузманоски, а одговор стигна од Тарасевич. Во втората промашување на двете страни, а непрецизни беа Радовиќ и Куран, а Дејвис и Баранау беа сигурни во третата серија. Прецизен беше Хосни кај битолчани, но Јуринок израмни во четвртата серија. на крајот Пешевски беше сигурен, Урбан Лесјак стана битолски херој откако го скроти ударот на Алиохин за голема победа.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Микалаи Алиохин со седум гола, а кај Еурофарм Пелистер нај расположени беа Руди Сери со шест и Танкоски и Хосно со по четири гола.
Следен противник на Еурофарм Пелистер е унгарскиот гигант Веспрем.