Connect with us

Фудбал

Пеп не ја менува добитната комбинација – Гундоган има нов договор во Сити!

Германскиот интернационалец Илкај Гундоган со 32 години се уште е една од клучните компоненти на Манчестер Сити. Неговиот договор со шампионот на Англија истекува на крајот од оваа сезона, а менаџерот Пеп Гвардиола не е подготвен да се откаже од него и ќе му биде понудено продолжување на соработката до 2025 година.

Гундоган дојде во Сити во 2016 година од Борусија Дортмунд за 21 милион фунти. Тој одигра 169 натпревари и постигна 38 голови.

Четири пати ја освои Премиер лигата, четири пати Лига Купот на Англија, а има и еден трофеј во ФА Купот.

Финансиските детали се уште не се обелоденети, но нема сомнеж дека Гундоган ќе биде задоволен од понудените услови и дека ќе го изгладнуваме уште најмалку две и пол сезони во небесносиниот дрес на Манчестер Сити.