Фудбал
Пеп за Артета: Знаев за Арсенал уште кога беше во Сити
Во пресрет на дербито во четвртото коло од англискиот ФА Куп помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, менаџерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола потсети на соработката со Микел Артета.
Двајцата Шпанци беа соработници во Манчестер Сити, Гвардиола беше менаџер, Артета негов помошник.
Артета му се придружи на својот постар колега во 2016 година, откако ја заврши својата играчка кариера во Арсенал. Тој го усоврши својот занает како помошник на Гвардиола три години пред сам да ја преземе улогата на менаџер на Арсенал во 2019 година.
Остануваат во добри односи, често се слушаат и разменуваат мислења, но вечерва ќе бидат ривали, исто како што се во Премиер лигата. Арсенал моментално е прв на табелата, додека Сити како актуелен шампион е втор со пет бода помалку.
Во пресрет на вечерашниот натпревар на „Етихад“, менаџерот на домашниот тим кажа многу убави работи за својот помлад колега, како и дека секогаш знаел дека срцето на Артета останува во Арсенал, дури и кога заедно раководеле со Манчестер Сити.
„Артета секогаш беше возбуден, скокаше и се радуваше на секој наш гол, освен против еден клуб. Можете ли да погодите? Арсенал! Секогаш кога ќе им дадеме гол, скокам од радост, се вртам, а тој седи… Веднаш ми беше јасно дека овој човек го сака Арсенал. Тоа е посилно од него. Тоа е негов клуб. Како што јас би реагирал кога е во прашање Барселона, тоа е мојот клуб…“, рече меѓу другото Пеп Гвардиола .
🗣 "Always he jumps and celebrates, except one team. One team every time we score a goal I jump, come back he was sitting there. It was Arsenal. I said that guy likes Arsenal."
Pep Guardiola knew about Mikel Arteta's great love for Arsenal from when he was working at Man City pic.twitter.com/DhhqHVV4jD
— Football Daily (@footballdaily) January 26, 2023