Connect with us

Фудбал

Перез: Не сакаме да играме во Америка

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез кажа дека неговиот клуб нема да игра во Америка.

Водството на Ла Лига претходно склопи договор со компанијата „Relevent“ сопред кој некои првенствени натпревари би се играле на американските терени.

Сепак, првиот човек на Реал Мадрид тврди дека тие не се подготвен и да ја напуштат Шпанија за да играат првенствен натпревар.

„Нема да одиме во САД. Не знам во чиј интерес е да се игра таму, но во интерес на клубовите или на навивачите не е, така да потполно ја отфрламе таа можност“, кажа Перез.

Барселона и Џирон во јануари би требало да играа во Мајами, ќе видиме дали некој од каталонските клубови ќе реагира.