Connect with us

Фудбал

Перез со нова „бомба“ за УЕФА: Балканците сакаат своја лига, Скандинавците исто, фудбалот умира…

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој практично ја пласираше идејата за европска Суперлига уште во 2009-та секако застана во одбрана на ваквата лига. Како што вели тој, во неа ќе има место само за исклучиво богати тимови, додека пет позиции ќе бидат отворени, односно  ќе се пополнуваат секоја година од лигите. Вкупно треба да брои 20 тимови

Тој практично критикувајќи ја УЕФА дека не е во тек со времето, предложи дека и „малите“ клубови можат да бидат дел од оваа Суперлига, но како што вели треба да го заслужат местото, па за тоа е потребно формирање на друга лига, или нешто слично преку која ќе се борат за Суперлигата.

-УЕФА мора да разбере дека фудбалот во Европа се смени и дека некои земји сакаат поинакво натпреварување. Слушам дека Скандинавците сакаат да направат лига, потоа Балканците, тука се и земјите од Бенелукс..Тие сакаат промени затоа што фудбалот умира поради оваа ситуација, вели Перез.