Connect with us

Кошарка

Перо Антиќ-Претседател на кошаркарска федерација на Македонија, а снима политички спотови за поддршка на Александар Вучиќ (ВИДЕО)

Перо Антиќ уште еднаш ја разбранува македонската јавност со своите постапки. Се појави негово видео, политички спот снимен за поддршка на претседателот на Србија Александар Вучиќ во пресрет на тамошните избори. Се би било во ред, доколку Антиќ не беше актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Но, во овој момент тој ја извршува таа функција, која е неспоива со било какво политичко делување. Тој е претседател на Федерација на Македонија, а снима политички спотови за поддршка на Александар Вучиќ. Во политичкиот спот објавен на социјалните мрежи кај Александар Вучиќ, Перо Антиќ дури се претставува како порашен кошаркар, а сегашен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Во видеото отворено дава поддршка на Вучиќ и повикува да се гласа за него.

Во статутот на Федерацијата, во Општите одредби, член 1 пишува:

Кошаркарска Федерација на Северна Македонија, во натамошниот текст Федерација е Здружение на граѓани што преку клубовите ги остваруваат и усогласуваат поединечните со општите и заедничките интереси на кошаркарскиот спорт во Република Северна Македонија. Федерацијата е деполитизирана и забранува делување на политички партии во своите редови, за постигнување на политички цели и интереси.

Со ова по автоматизам значи дека и Претседателот на Федерацијата треба да биде деполитизиран и да не делува политички се додека му трае мандатот, но очигледно дека за Антиќ ова не важи.

На овој изготвен статут објавен на страната на Федерацијата стои и потписот на Перо Антиќ како Претседател, но се чини дека правилата не важат.

Пред извесно време Антиќ во Србија даде отворена поддршка на СНС партија на Вучичќ.

СНС веста ја објави на својот профил на социјалната мрежа Х.