Connect with us

Фудбал

Петиција за враќање на „црвено-жолтиот“ дрес

Повеќе од 11 100 луѓе се потпишаа на онлајн петицијата со која се бара повлекување на новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, неполни 24 часа откако иницијативата беше покрената во петокот на социјалните мрежи.

Петицијата насловена „Македонија на ЕП во старите дресови!“ осамна на интернет откако ФФМ вчера ги претстави новите дресови за дебитантскиот настап на македонските фудбалери на Еуро 2020, предизвикувајќи поделени реакции во јавноста. Критики особено предизвика повлекувањето на традиционалниот црвено-жолт дрес и негова замена со редизајн во бордо боја.

ФОТО: Горан Пандев со една фотка јасно порача што мисли за новиот дрес на Македонија