Connect with us

Фудбал

Петтиот Мундијал за Мексиканецот: Рафа Маркез влезе во историјата

Легендарниот Рафаел Маркез влезе во финишот на натпреварот и на тој начин стана четвртиот играч во историјата кој играше на пет Светски првенства. Овој 39-ти годишен играч за првпат играше во Мундијал во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, а сигурно не очекуваше дека ќе биде дел од изборот на Мексико, 16 години подоцна. 

Поранешниот дефанзивец на Барселона беше член на тимот на Мексико на Светското првенство во 2002, 2006, 2010 и 2014 година, а повик доби и за овој Мундијал, иако наскоро ќе го прослави својот 40-ти роденден. Маркез му се придружи на Лотар Матеус, ЏиЏи Буфон и сонародникот Антонио Карбаџал кој исто така играше во пет Мундијали.