Connect with us

Тајмаут

Пијанчења, бесрамни забави и атрактивни жени за тотален колапс на неуспешна ѕвезда на 26 години

Неговата поранешна девојка била внимателна кон него до тој степен што не ни забележала дека тој се онесвестил поради прекумерно консумирање алкохол. Пред три години тој беше меѓу водечките играчи на неговиот тим. Играше и во финалето на Лигата на шампионите, беше стандарден репрезентативец, а пред него беше цел свет. Сепак, сега со 26 лета на плеќи, тој тоне на дното. Станува збор за Деле Али.

„Забележав дека имате подеми и падови. Има голема разлика помеѓу играч кој одржува континуитет и играч кој има моменти и тоа е она што ја прави разликата помеѓу врвен играч и играч со голем потенцијал.

„Времето лета и еден ден ќе зажалите ако не го постигнете она што мислам дека можете“, му рекол Жозе Мурињо пред две години кога седеше на клупата на Тотенхем. Се покажа дека е точно. Деле Али имаше сè, но не  континуитет. Работите одеа само од лошо на полошо. Лошата ситуација веднаш ја префрли во живот надвор од теренот.

Се опиваше додека до бесвест, диво се забавуваше и се дружеше со атрактивни девојки. Или во бројни клубови во Лондон, или на егзотични дестинации низ Медитеранот. Своевремено на интернет кружеше експлицитна снимка на која тој има секс со една од девојките.

Кога пред три години бил во врска со Руби Меј за време на одморот на островот Миконос, толку се опијанил што се онесвестил без неговата девојка воопшто да го забележи. Дури подоцна повикала помош, а потоа 23-годишниот Али воопшто не можел да застане на нозе, па двајца големи момци го однеле во хотелската соба. Меѓутоа, тогаш не ја научи лекцијата. Тој продолжил да живее неконтролирано. Тој не се врати во форма на теренот. Не помогна ниту одењето во Евертон. Него го отфрлила и неговата девојка Руби бидејќи играл премногу видео игри. Во меѓувреме ги смени и партнерите. Прво, одреден период беше во врска со ќерката на Пеп Гвардиола, Марија. Но и тоа не траеше премногу, па се смири со Синди Кимберли.

Минатото лето папараците го фатија како бесрамно ужива со својата партнерка. Во Бешикташ пристигна во текот на летото. Во периодот кога му претстојат најдобрите фудбалски години, тој замина во лига која е мамка за ветеран. Досега успеа да забележи четири настапи и да постигне еден гол.

Може да заборави на евентуално враќање во англиската репрезентација. Под знак прашалник е дали ќе го сакаат повеќе на Гудисон Парк кога ќе му истече позајмицата во турскиот гигант.